ЗА КОМПАНИЈАТА

Имаме се што ви треба

Без разлика дали сте трговец на мало, инсталатерска компанија, градежна компанија, или можеби сте индустриски погон или производствена фабрика, а барате доверлив партнер кој може да ве снабдува со кабли и проводници во секакви должини, кабелска опрема и електроматеријали од свестки реномирани производители, и се тоа од залиха, буквално насекаде во нашиот регион, во тој случај треба да ни се обратите нас, затоа што нашата компанија ДЕЛТА ЕЛЕКТРО ГРУП е препознатилв и реномиран специјалист за големопродажба на кабли, кабелска опрема и електроматеријали.

Клучот на успехот е во специјализацијата, долгогодишното искуство во делот на каблите и електро материјалите, стручноста на нашиот тим, техничка подршка за нашите клиенти како и соработката со светски реномирани брендови. Исто така, ги слушаме потребите и мислењата на нашите купувачи и партнери, со што полесно ги прилагодуваме нашите поризводи и услуги според потребите на пазарот и клиентите. Всушност ние сме динамичен давател на услуги.

Нашата компанија е претставник на многу реномирани светски брендови како FABER Kabel, DRAKA, ERSE Kablo, TKD, ICEL, Waskoning & Walter, SEVAL Кабло, VATAN Кабло, SCHNEIDER ELECTRIC, COURBI, RAYCHEM, SIMPA но и домашни брендови како PROZDENKA и KABELKO-МАГ.

ПРОДАЖБА НА ГОЛЕМО НА СЕКАКВИ КАБЛИ И ЖИЦИ, СЕКОГАШ СО ВРВЕН КВАЛИТЕТ И СО НАЈБРЗА ИСПОРАКА

Располагаме со голем лагер од сите типови кабли и електроматеријали

Ние сме меѓу водечките компании во Македонија специјализирани во оваа дејност особено во делот на трговијата со кабли. Исто така, имаме и доста клиенти во поширокиот регион, што значи исто така правиме извоз на домашните производители на меѓународните пазари.

Нашата компанија во секој момент чува залиха од над 2000 артикли со вредност од над 2 милиона евра, а тоа значи располагаме со многу типови на бакарни и алуминиумски кабли од низок и среден напон, како на пример: инсталациски кабли, флексибилни кабли, енергетски кабли, гумени кабли, соларни кабли, силиконски кабли, дата (LAN) кабли, контролно сигнални кабли, алармни кабли, коаксијални кабли, негориви кабли и уште мнгоу други типови. Во делот на електроматеријали располагаме со голем лагер на нисконапонска опрема како стански табли, автоматски прекинувачи, склопки, контактори, биметали, типкала, релеи, индустриски приклучници, голем избор на галантерија од различни програми и сл. Исто така располагаме и со различна кабелска опрема како кабелски спојници, конектори, папучи, завршници, ормари, како и ситно монтажна опрема за шемирање на ормари.

Придобивките за нашите клиенти од големиот лагер со кој располагаме се: минимимален ризик, клиентите не затвораат капитал, немаат ризик од кражба, и нивниот капитал не губи на вредност. И она што е исто така мнгоу важно, сите понудени производи имаат соодветни сертификати за квалитет како и соодветна техничка документација, а ова го гарнатираме со постојани контроли и инспекции. На ова се заснова нашиот бисниз план и ова е нашата сила и предност.

Имаш прашања, контактирај не