Политика за приватност

ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Политиката за заштита на личните податоци се однесува на користењето и обработката на податоците кои со Ваша предходна согласност стануваат достапни на контролорите на збирката на личните податоци, како и оние лични податоци кои се веќе достапни на социјалните мрежи кои ги користите. Со Политиката за заштита на личните податоци се осигурува приватноста и сигурноста на Вашите податоци кои се исклучиво наменети за користење и обработка за наведените цели.

Прибирањето на податоците се врши со согласност со прописите за заштита на личните податоци. Со влегувањето и дадената согласност на интеракциите Вие се согласувате со условите дефинирани во оваа Политика за заштита на личните податоци (Политика).

1. ОБЕМ НА ОБРАБОТКАТА НА ПОДАТОЦИТЕ И ЦЕЛТА НА РАКУВАЊЕ СО ПОДАТОЦИ

Целта на користењето и обработката на податоци од страна на контролорите на збирката на личните подаците е директна комуникација со лицата кои пријавуваат инциденти на документираните пријави на платформата. Прибирањето на податоци се врши исклучиво со предходно прибавена согласност и волонтерски од страна на посетителите, претплатениците и регистрантите за да може да се понудат информации и услуги за нив.

Податоците се користат за праќање на повратни информации на лицата кои пријавуваат инциденти на платформата заради обезбедување на соодветно правно советување, правна помош и поддршка. Вашите податоците исто така можат да се користат и за статистички операции, како и анализарање на податоците.

1.1. ВИДОВИ НА ПОДАТОЦИ КОИ НИЕ ГИ СОБИРАМЕ

  • Информации за контакт преку кои ние можеме да комуницираме со Вас, Вашето име, e- mail или поштенска адреса, телефонски броеви, или други адреси кои овозможуваат праќање и комуницирање на пораки, географски локации и демографија, производи и услуги што Ве интересираат и други комерцијални информации.
  • Собирањето на овие податоци се врши преку пополнување на формите за пријавување на инциденти.
  • За вклучување во интеракциите некои од податоците можат да бидат задолжителни, а некои од нив можат да бидат поставени како доброволни за споделување. Пополнувањето на бараните задолжителни податоци e предуслов за вклучувањето во интеракцијата.

2. ПРИСТАП ДО ПОДАТОЦИ И МЕРКИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНО РАКУВАЊЕ СО ПОДАТОЦИ

Собирањето на податоците се врши со Вашата интеракција преку поднесување на пријава на платформата. Податоците се прибираат со Вашето пријавување со Ваша согласност.

Со цел заштита на податоците, лицата кои пријавуваат инциденти се запознаваат со политика на прибирањето на податоците преку овaa Политика при што корисниците се информирани за целта на користењето и прибирањето на податоците, воедно контролорот на збирката на податоци се обврзува на задолжително давање на одговори на поставени прашања, како и исправка на податоците кои се однесуваат на корисниците и претплатниците.

За чувањето на Вашите податоци ние користиме адекватна административна и техничка заштита која гарантита сигурност.

3. ПРАШАЊА ВО ВРСКА СО КОРИСТЕЊЕTO И СОБИРАЊЕТО НА ПОДАТОЦИТЕ

Корисните можат да бидат информирани за целите, категориите на корисници на личните податоци, изворот на податоци, правната основа за обработка и автоматизираната обработка во случај на таква обработка пришто контролот во случај на прашања има обврска да одговори во рок од 15 дена од приемот на прашањето. На исто поставено прашање контролот нема обврска повторно да одговори на ист корисник, освен во случај на изминување на шест месеци од доставување на првото прашање.

4. ПРОМЕНА И ЧУВАЊЕ НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ

Личните податоци се собираат правично, точно со соодветни мерки за бришење и коригирање на податоците коишто се неточни, имајќи ги во предвид целите за коишто се собираат податоците. Чувањето на податоците се врши за периодот кој е потребен за исполнување на целите поради кои се собраните податоците, но не подолго од 3 години. По изминувањето на наведениот период, истите можат да бидат употребени само за историски, научни и статистички цели.

5. КОНТРОЛОР И ТРЕТИ ЛИЦА

Контролор на збирката на податоци се Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико и Здружение на правници Роми – ЗПР Скопје, при што се гарантира дека Вашите податоци нема да бидат трансферирани со профитабилна намера и нема да бидат користени за друга намера, освен целта која што е опишана во оваа Политика. Споделување на информациите со третите лица се однесува на дистрибуција на интеракции и промотивни пораки.

6. КОРИСТЕНА ТЕРМИНОГОГИЈА

Контролот на збирката на податоци, се однесува на субјектот кој го утврдува начинот на собирање, користење и обработка на податоците.
Обработка на лични податоци, се однесува на операцијата која вклучува собирање, организирање, користење и бришење на податоците.
Трето лице, се однесува на подизведувачот на збирката на податоци со кого податоците може да се споделуваат.
Збирка на податоци, се однесува на организираниот начин на чување на податоците на безбедносно место.

7. КОНТАКТ И БРИШЕЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ

Корисниците и претплатниците го задржуваат правото во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивните лични податоци за целите заради кои е поднесена пријавата до платформата, со известување на официјалниот емајл info@romalitico.org. Доколку не информирате дека сакате Вашата согласност да биде повлечена, Вашите податоци ќе бидат избришани од системот.

Политиката за заштита на личните податоци повремено може да биде менувана и дополнувана.